ЕкономијаМакедонија

Кафаните и кафулињата ќе работат до полноќ и еден час по полноќ за викендите

Кафаните и кафулињата - Работник
402views

Министерот за економија, Крешник Бектеши на својата фејсбук страна објави дека на вечерашната седница на Владата е донесена одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти до полноќ во работни денови и до 1 часот после полноќ за време на викенд.

Имено, до денеска угостителските објекти можеа да работат само до 22 часот.