ЕкономијаМакедонија

Кафулињата и рестораните од денеска работат и во внатрешноста на објектот

81views

Oд денеска угостителските објекти може да работат и во внатрешноста на објектите преку соодветен протокол за работа додека моловите ќе можат да работат и во неделите.

Согласно протоколите за работа, вработените во угостителските објекти кои послужуваат задолжително треба да носат заштитни маски и зачестено да одржуваат хигиена на раце. Во просторот за послужување на гости, каде има поставено маси, треба да се обезбеди растојание од столче до столче од 1,5 до два метра со соседните маси во сите правци.

На една маса со четири столици може да седат и да се послужуваат максимум две лица или четири лица доколку се од исто семејство. Дозволен е максимален број на 12 лица на споени маси заедно со задолжително растојание помеѓу секој гостин од 1,5 метри. Задолжително треба да биде поставено дезинфекционо средство за раце на секоја маса.

Забрането е организирање на прослави (свадби, родендени, крштевки и сл.).

Извор: Лидер