- Advertisement -
ЕкономијаНовостиСветСветот на работникот

Кај нив ништо не се променило: Продуктивни се дома, исто како во канцеларија

Кај нив ништо не се променило - Работник
163views

Поголемиот дел од Канаѓаните кои работат од дома, еднакво се продуктивни како и во канцеларија, а многу од нив би сакале да и после пандемијата од коронавирусот продолжат да работат од дома, барем половина работно време, покажале резулатите од една студија. 

Речиси третина (32 %) од канадските вработени, односно 3,1 милиони, работат „поголем дел“ од своето работно време од дома од почетокот на годината, наспроти едвај 4 % колку што имало во 2016 година, се наведува во студијата на канадскиот Инстиутот за статистика. 

Од тој број, 90 % рекле дека се исто продуктивни како и порано. Од оние кои скоро преминале на работа од дома, 58 % навеле дека работат приближно исто како и во канцеларија, а 32 % работат и повеќе. 

Околу 10 %, работат помалку отколку во канцеларија. 

Продуктивноста на работата од далечина била поголема во јавниот сектор, особено во здравството, отколку во индустријата која произведува роба. 

Студијата на канадскиот институт покажал дека 80 % од вработените кои работат од дома би сакале да продолжат со таквиот режим на работа и после епидемијата со коронавирусот, барем половина работно време.