НовостиПравдаСвет

Кениската полиција уапсила медицински работници кои краделе и продавале бебиња

Кениската полиција уапсила медицински работници - Работник
61views

Полицијата во Најроби, главниот град на Кенија, уапсила тројца медицински работници заради наводна кражба и продавање бебиња.

Би-Би-Си Африка јави дека бебињата биле украдени од нелегални клиники и од државната болница „Мама Луси Кибаки“ во Најроби.

Бебињата се продавале за само 400 долари.

Началникот на полицијата отвори истрага за состојбата во сите болници, како и за домовите за деца во Најроби.

-Истрагата досега откри дека медицинските службеници биле тесно поврзани со трговците со деца, изјави главниот инспектор Хилари Мутиамбаи.