СветСветот на работникотСиндикат

Кетеринг работниците во Американ Ерлајнс ќе протестираат за поголеми плати

Кетеринг работниците - Работник
192views

Стотици на кетеринг работници во Американ Ерлајнс планираат да протестираат на 17 поголеми аеродроми во САД во вторник на 26 ноември, за време на една од најзафатените недели во годината.

Работниците бараат од Американ Ерлајнс која пријави дека имала заработка од 1,9 билиони долари во 2018 година, да им овозможи подобри стандарди за плати и здравствено осигурување за вработените во кетеринг сервисот кои се на договор.

Во јуни 2019 година, повеќе од 11,000 американски кетеринг работници во 28 градови претставувани од страна на синдикатите Унајт Хиар, Тимстерс енд Ретаил, Холсејл и Депаремнт стор синдикатот, влегоа во штрајк кој беше еден од најголемите во кетеринг индустријата во државата.

Работниците се вработени преку ЛСГ Скај Шеф и Гејт Гоурмет кои се кооперанти на Американ Ерлајнс, Делта Ерлајнс и Јунајтед Ерлајнс.

Работниците велат дека нивните плати се премногу мали и тие не можат да си дозволат здравствено осигурување.

Извештајот објавен од страна на синдикатот Унајт Хеар откри дека кетеринг работниците кои работат за Американ Ерлајнс заработуваат 2,50 долари на час, односно помалку од законски определената минимална заработка на час.