Занимливости

Кинезите се желни да изградат копија од паркот Јелоустон, одлучиле да го изградат на Тибет

Кинезите се желни да изградат - Работник
40views

Амбицијата за создавање на единстевен систем на паркови претставува нов и сериозен напор за зачувување на кинеската биолошка разниколитост и природните градини, рекол екологот од Универзитетот Дјук, Стујарт Пим. 

Кина сака да изгради своја верзија на Јелоустон на Тибетската висорамнина. Планините повторно се покриени со широки члечни далеководи. Овој пат, кинеската влада сака да имплементира сопствена верзија на најгордото наследство на Америка – системот на национални паркови.

Во август креаторите на политиките и научниците од Кина, САД и други земји дошле во Шининг, главен град на покраината Кингаи, за да разговараат за плановите на Кина за создавање на единствен систем со јасни стандарди за ограничување на развојот и заштита на екосистемот.

Зу Чунгуан, кинески претставник на Меѓународната унија за заштита на природата, смета дека економијата на земјата цвета последните 40 години.

Чувањето и проширувањето на природните ресурси сега се приоритет на државата. Една од целите е Кина да изгради свој сопствен Јелоустон на Тибетската висорамнина.

Кинески претставници ги посетиле американските национални паркови, вклучувајќи ги и Јелоустон и Јосемити.

Еден од првите пилот паркови ќе се наоаѓа во Кингаи, огромен регион во западниот дел на Кина.

На тоа подрачје ќе се наоѓаат и загрозените видови на животни, како снежниот леопард и кинеската планинска мачка, а ќе ги опфати и подземните води на Јангцеа, Жолтата река и Меконг.

„Ова е еден од најпосебните региони во Кина и во светот“, рекол Лу Зи, биолог од Универзитетот во Пекинг.

Додека градењето со брзо темпо продожува на другите делови на Тибетската висорамнина, Владата веќе престанала да издава рударски и хидроенергетски дозволи на ова подрачје.

Јелоустон важи за прв национален парк во светот. Откако бил созададен во 1872 година, американската влада го принудила домородното население да се пресели вон границите на паркот, во согласнсот со идеите за заштита на дивината во 19 век.

Земјите кои воспоставуваат парковски системи во 21 век, сега мораат да разгледаат како најдобро е да го вклучат локалното население во своето планирање.