МагазинНаука

Кинески Хуавеи е принуден да го продаде брендот Хонор

Кинески Хуавеи е принуден да го продаде брендот Хонор - Работник
82views

Кинеската компанија Хуавеи го продава брендот Хонор на паметни телефони, со цел да се обиде да го спаси бизнисот погоден од американските санкции.

Ќе се продава и целата малопродажба на Хонор, но не се познати повеќе детали за продажбата.

Хуавеи претрпе големи загуби поради санкциите што ја блокираа компанијата да пристапува до американските компоненти – делови за паметните уреди.

Соединетите држави наведуваат дека компанијата претставува закана за националната безбедност, бидејќи наводно, постои можност за шпионирање од страна на кинеската влада, сепак, Хуавеи го демантираше тоа.

Извор: Бета