ЕкономијаМакедонијаПравда

Кировски: Крајно сум изненаден од ниската општествена одговорност на телекомуникациските оператори

Кировски: Крајно сум изненаден - Работник
188views

Бобан Илијевски

Крајно сме изненадени од вчерашното соопштение на кабелските оператори дека ќе не исклучат од нивните телекомуникациски мрежи, рече Претседателот на Медиумската асоцијација при Сојузот на стопански комори, Атанас Кировски на денешната прес – конференција.

„За нас, петте телевизии, ваквата најава е апсурдна и неразбирлива. Ние гарантираме дека авторските права 24/7 на нашите програми не се пиратерија. За нив има регулирани авторски договори со кои имаме право да ги емитуваме. Оттаму, навистина е чудно зошто нас би не исклучиле од нивните телекомуникациски мрежи, особено поради тоа што имаме валидни договори. Евентуалното раскинување на тие договори трае триесет дена, така што ова е паушелн незаконски чин од страна на кабелските оператори“, рече Кировски.

Според него, урнекот како треба да се договараат кабелските оператори е како со овие пет телевизии, бидејќи тие гарантираат под морална и кривична одговорност дека 24/7 за целата содржина која ја емитуваат располагаат со валдни договори и авторски права и како што рече, подготвени се во секој момент тоа и да го докажат.

Кирковски истакна дека изјавата на директорот на Агенцијата за аудио и аудио визуелни медиумски услуги, Зоран Трајчевски и делот од соопштението на кабелските оператори дека станува збор за Закон донесен набрзина, во некаква нетранспарентна атмосфера се класични лажни вести.

„Законот е донесен во 2018 година, а пред неговото донесување, барем шест месеци имаше голем број на јавни расправи, дискусии и предлози. Законот беше еден месец прикачен и на ЕНЕР и тој беше донесен во 2018 година од страна на Парламентот“, рече Кировски.

Според него, поради тоа што кабелските оператори се пожалиле дека немаат време да се приспособат на Законот доколку веднаш стапи во сила и им требало пролонгирање на неговата важност за да ги имплементираат одредбите од законот, Собранието во текот на 2019 година, донел одредба дека Законот ќе стапи во сила 60 дена од конституирањето на новиот Совет на АВМУ. Тоа не се случи со АВМУ, но имаа рок од 12 месеци да се подготват за импелементација на Закон, рече Кировски.

„Ние, петте телевизии коишто го почитуваме целосно Законот и коишто сме под постојан мониторинг од страна на АВМУ, доколку направиме некоја грешка, како на пример несоодветна категоризација на филмовите, постојано добиваме предупредувања и казни“, посочи Кировски.

Тој наведе дека во АВМУ се правеле ад – хок комисии од кои телевизиите трпеле притисоци и тие во ниеден момент не се заканиле дека ќе ги исклучат сигналите или ќе им го скратат правото на граѓаните да се информираат. Приватните телевизии се приватен бизинис, вели тој, додавајќи дека тие се свесни за нивната општествена одоговорност.

Рече дека крајно е изненаден од ниското ниво на општествена одговорност од страна на телекомуникаците оператори, во една такава деликатна ситуација во каква што се сега, кога Владата побарала од нив да емитуваат бесплатни спотови за да ги информираат граѓаните за Коронавирусот или во месец кога конечно се очекува да добиеме датум за преговори после 30 години. Кировски како пример ги посочи и претстојните паралментарни избори кои се од големо значење за иднината на државата, за кои, доколку бидат исклучени од страна на телекомуникациските оператори, граѓаните нема да можат да се информираат.

Во изминатите дваесет и пет години ниеден закон не важел за телекомуникациските оператори и тие емитуваа и ремитуваа што ќе им падне на памет, постојано пиратираа и нивното работење со ништо не било регулирано, истакна Кировски.

„Првпат кога некој побара нивното работење да биде регулирано, тие се заканија со одмазда врз граѓаните, врз телевизиите и врз сите чинители, бидејќи една таква одлука ќе влијае врз сите засеганти страни“, рече Кировски.

Тој искажа надеж дека ќе ја преиспитаат оваа одлука, дека институциите во државата ќе интервенираат и ќе ги потсетат дека како што телевизиите добиле од државата национални концесии и тие добиле лиценци за да работат и не можат да постапуваат неодоговорно.

Кировски наведе дека постојат десетици канали во Македонија кои емитуваат пиратирана програма, притоа посочувајќи дека без почитување на Законот не може да се приклучиме кон европското семејство, бидејќи тие го бараат токму тоа.