ЕкономијаСвет

Клучен совет за оние кои сакаат да започнат бизнис: Секогаш доаѓајте дома на вечера

Клучен совет за оние кои сакаат - Работник
149views

Кога Тод Мекинон сакал да ја напушти својата добро платена работа за да формира стартап компанија, знаел дека прво ќе мора да ја убеди својата сопруга Роксан дека не е луд.

И токму тоа го направил. Мекинон кој во тоа време бил „тазе“ татко, креирал Пауер Поинт презентација за својата сопруга со наслов „Зошто не сум луд“, изложувајќи го својот план за започнувањето на новата работа без штета по семејните финансии, дури и ако неговиот експеримент пропадне.

Освен што бил сигурен во нивната финансиска стабилност, Мекикнон рекол дека Роксан сака да му вети нешто друго: дека секоја вечер ќе биде на време за вечера.

Неговата идеја за „освојување“ на сопругата вродила со плод. Поради тоа ја напуштил работата како шеф во Сејлсфорс и ја ко – основал Окта (ОКТА) компанија за заштита на податоци во облак (cloud). Помеѓу другото, Окта ја поедноставнува и осигурува постапката за пријава во ИТ системот на компанијата, па на вработените им е потребен еден кориснички ID и една лозинка за пристап до секоја програма која им е потребна за работа.

Мекинон сега верува дека ветувањето дека ќе биде дома за време на вечера му помагнало да стане подобар извршен директор.

Рекол дека ќе излезе од канцеларија најдоцна до 19 часот за да биде дома на вечера со своето семјство.

Одењето дома додека другите биле сеуште во канцеларијата го натерало да се чувствува виновен и тој на работа се враќал во вечерните часови, но преку интернет, од дома.

Одењето дома најдоцна до 7 часот секоја вечер му овозможило на Мекенон да се одмори, давајќи му одредена контрола над работата и стекнување на поширока перспектива. Тоа станало се поважно, рекол, поради тоа што Окта пораснала од тим од двајца луѓе – Мекинон и неговиот ко – основач Фредерик во 2009 година, на компанија со преку 2,000 вработени и со десет канцеларии во шест држави.

„Навистина е тешко да се тргне од апсолутно ништо во создавање на компанија и бизнис“, оценил Мекинон.

„Кога немате ништо, се што се случува во компанијата е само поради вас. Тоа е многу, многу поинаков начин на работење посебно во првите три до четири години отколку веднаш да имате тим и поголема работа. Мал дел од вашиот успех е одреден од тоа колку сте продуктивни во секој минут него во однос на донесувањето на одлука која другите луѓе ќе ги води во вистинската насока“, додал тој.

Мекинон и неговата сопруга имале 6 месечна ќерка во време кога започнал да ја работи работата, а подоцна на свет дошол и нивниот син. Вели дека и одгледувањето на децата го научило на нешто вредно во градењето на успешна култура на претпријатието со своите вработени. Двајцата ќе ве гледаат како идол и ќе го земат вашето однесување за пример.

„Можете да разговарате за разни работи со своите вработени, но културата е навистина поставена на начинот на кој делувате. Не им е важно што зборувате, туку што работите“, рекол Мекинон.