Ковачевски: Потпишани 277 договори за подршка на компании кои ќе креираат над 3.700 работни места

„Оваа година се потпишни нови 277 договори за поддршка со компании кои влегуваат во инвестициски циклуси од околу 145 милиони евра и ќе креираат повеќе од 3.700 работни места во наредните 5 години или до завршувањето на нивните договори. Само во 2021 година овие 277 компании, инвестирале околу 50 милиони евра и креирале над 1.500 нови работни места“ изјави премиерот Димитар Ковачевски при посетата на компанијата „Актива“ во Штип.

Тој додаде дека преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите во изминатите пет години, колку што се спроведува оваа мерка, склучени се договори за поддршка со 630 компании со што Владата овозможува поволен деловен амбинет и ги поддржува еднакво како странските и домашните инвеститори.

„За нас се сите важни, сите кои инвестираат, кои создаваат нова економска вредност и работни места.Целта е во оваа криза заеднички да ја пребродиме да се отвораат подобро платени работни места, а компаниите да инвестираат, да се осовременуваат, да бидар продуктивни и конкурентни на европските пазари“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека нашите компании покажаа дека се агилни и во вакви тешки времиња инвестираат во подобрување на нивната конкурентност, нивните продукти, воведување на нови производствени линии.

Преку поддршка на компаниите за нови инвестиции се постигнува повисок животен стандард

„Поддршката на компаниите во реализирањето на нови инвестициски проекти и во зајакнувањето на нивната конкурентност е наша определба, бидејќи на тој начин се засилува економскиот раст и развој на земјава, расте БДП, и крајно се подигниува  животниот стандард на граѓаните“ изјави премиерот Димитар Ковачевски при посетата на компанијата „Актива“ во Штип.

Тој рече дека оваа компанија, која започнала со тројца инженери и десет работници во 1999 година, денес има 580 вработени и е етаблирана компанија во металопреработувачката, градежната и автомобилската индустрија.

„Со вкупна инвестиција како домашна компанија  од 2013 година во вредност од над  30  Милиони евра во  производствени капацитети и машини. Владата ги следи компаниите во нивниот раст и развој и со сите расположливи механизми ги поддржува на патот на нивниот успех“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека компанијата е корисник на мерка од Законот за финансиска поддршка на инвестициите за петгодишен инвестициски проект започнат во 2018 година, со вредност од 5 милиони евра, со кој преку проширување на производствените погони и набавка и интеграција на нова висока технологија се отвориле и нови работни места.