- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

Ковид кризата го зголеми бројот на невработени, 47.500 до ноември

197views

Нови 1,500 граѓани останаат без работа за само еден месец.  Од почетокот на пандемијата пак, до ноември Агенцијата за вработување регистрира 47.500 невработени. Од нив, како резултат на Ковид кризата, отказ добиле 16.400, трвдат од  Агенцијата. Според бизнисмените, евтините кредити и помошта со исплата на минимална плата придонесоа бројките да бидат помали, но очекуваат невработеноста да расте.

–Помеѓу 25 и 40% од компаниите велат дека ако продолжи оваа состојба, најверојатно би продолжиле во рестриктивно работење и со човечки капитал, но и во обем на економиајта која ја имаат, изјави Миле Бошков, Конфедерација на бизнис работодавачи. 

Државната помош за да се зачуваат работните места истекнува во декември. Со цел да се спречи нов бран отпуштања – бизнисот апелира – помошта да продолжи и наредните месеци.

-Се позивесно е дека кризата ќе продолжи. Мораме до бидеме во дослух со Владата и економските ресори, за да продолжи помошта. Психолошкиот момент до вакцината мора да биде поткрепен со владина помош, додава Бошков.

Најмногу оптпуштања имало во преработувачката индистрија и трговијата на големо и мало. Најчесто без работа остануваат лицата со средно или основно образование. Но има и скоро  1.000 магистри на науки и 30 тина доктори на науки кои не можат да најдат работа.

Извор: Сител