ИнтервјуаСветот на работникот

„Кога го изигруваме системот други работници плаќаат со животи“ – Интервју со М-р Милан Петковски

„Кога го изигруваме“ - Работник
296views

Можеби вие лесно може да замените некого, како работник, но како ќе го надоместите тој заменет работник, како татко и како сопруг на едно семејство, вели М-р Милан Петковски, Претседател на Македонското здружение за заштита при работа – МЗЗПР, во интервјуот за Порталот Работник.

Во продолжние прочитајте го целосното интервју:

Кои се вашите мисија и визија?

Пред се нашите одредби како професионална организација која постои 50 години во Република Македонија и единствено се занимава со создавање на превентивна култура можеме да ги сведеме во еден краток опсег каде би зборувале за создавање на превентивна култура на работното место во Македонија каде што би било слободно од несреќи на работа и од професионални заболувања. Секако, работното место би било прилагодено спрема потребите на работникот. Нашата мисија секако би била да што е возможно во тој пат на остварување на таа мисија, да вклучме што е можно повеќе чинители од опшеството, што пред се би го поделиле на неколку групи, а тоа е единствено професионалците можат да зборуваат за професија, а јас сметам дека Безбедноста и здравјето при работа е професија. Од друга страна, социјалните партнери се незаобиколни каде што работниците се едната страна од равенката, а другата е составена, секако од работодавачите, за на крајот судијата или мериторниот орган кои сите ние сме го прифатиле е државата преку нејзините институции. Во секој случај самата таа мисија која ние ја спроведуваме во општествто и честопати кажувам најотворено, не знам колку ми веруваат луѓето, треба да постои даден момент дека институциите или овие во „светото тројство“ на социјалниот дијалог не ги преземат целосно овие работи во свои раце. Доколку, на пример, не остават сини зони каде што би можеле да се интрепретираат законите или стандардите на личен начин, него едноставно да биде една ситуација, една средина би се разбирале без притоа многу да пишуваме. Имајќи го во предвид нашето искуство како општство, стануваме интересни кога ги прескокнуваме или ги заобиколуваме законите. Потточно се правиме дека сме успеале да го изиграме системот. Во овој случај, кога го изигруваме системот други плаќаат со животи.

Преку кои алатки МЗЗПР работи на кревање на свеста кај работодавачите и работниците во однос на почитувањето на мерките за заштита при работа?

Кај нас долго време се поставуваше прашањето, бидејќи јас по вокација сум дипломиран инжинер за заштита при работа, на факултетот по интердисциплинарни студии за заштита при работа на машинскиот факултет каде што дипломиравме околу 150 луѓе на оваа струка која ја одбравме како наша професија, но ни се случи крах на системот, оној претходниот, социјалистичкиот систем и влеговме во една таканаречна пазарна економија, кога всушност голем број од оние кои ја предводеа или се обидуваа да воспостават некоја си корисна и добра пракса во западните земји, всушност не знаеле што прават. И тука дојдовме во една ситуација да мноштво од овие професии кои се грижеа за општеството беа третирани како оставштина од некој минат период  на социјализмот.  Во секој случај, ние не отидовме во насока дека ова треба да го направиме како еден вид на револуција која треба да им докаже на властодршците, затоа што секогаш во оваа наша држава ние се вртиме кон тој светилник наречен Влада, Парламент, Држава каде што сме научени, всушност дека ние треба да сме субјекти  кои се покоруваат наместо да сфатиме дека сме објекти кои доделуваат управување затоа што на крајот на краевите самиот англиски збор не зборува некој да те владее, туку ти му даваш да управува, затоа е „govorment“, но доаѓаме до ситуација дека одбравме, барем во Македонското Здружение за заштита при работа да одиме по потешкиот пат и по пат на мека сила да убедиме што е возможно повеќе луѓе дека е подобро да се спречи, отколку да се лечи.  Подобро е да спасиме живот со обуки, со добри пракси и со размена на искуства, отколку да дојдеме во ситуација во рамките на тој државен апарат да правиме комични ситуации каде што би требало да укажеме дека од другата страна се незнајковците, а од оваа страна се оние кои се знаат, односно сезнајковците.  Во секој случај нашиот начин на работа е пред се со ширење на добрата идеја, ширење на добрата пракса  и добрите искуства кои се бројни во светот, само е потребно да се знае каде да се побараат. Оттаму станавме добри, извезирани во изработка на предлог проекти и од моето доаѓање, како прв човек на оваа организација, фокусот го ставив на изработка на проектини апликации, поднесоци на истите тие до одредени донатори и реализација на тие проекти во рамките на активностите на нашата организација. Затоа во изминативе петнаесетина години, колку што ова тука го работам, преминавме во една водечка организација, не само во Македонија, туку и во регионот каде што покрај бројните функции до почетокот на летото го имаше и статусот фокал поинт на Европската Агенција за безбедност и здравје при работа. Заради непознати причини ни беше одземен тој статус, но таков е животот. Ние сме и ЦИС – колаборативен центар на  Меѓународната организација на труд и исто така сме дел од меѓународните мрежи, односно основач на балканската мрежа за безбедност и здравје при работа, дел во европската мрежа за обеазование за безбедност и здравје при работа и т.н. Во секој случај, како што реков на почетокот, се за нас и околу нас е заштита при работа односно превенција и само превенција.

Според Вашиот извештајот на несреќи при работа за 2018 година, најмногу повреди при работа и смртни случаи се случуваат во петок. На што се должи тоа?

Ако добро го видите извештајот, можеби тоа малку отскокнува, но ќе видите дека цела недела е еден голем петок. Ќе видите дека веќе не постои онаа класична недела каде што тргнуваме од понеделник, а завршуваме во петок, туку е еден бесконечен циклус каде што работните задачи се одвиваат во текот на целата недела. Како што го анализираме тоа во последните десет години,  кога го публикуваме тој извештај, е едниствен извештај во Република Македонија, а имаше и услови да излезат и другите институции кои се задолжени од страна на државата да ги објавуваат овие информации. Сеуште до ден денеска останува единствен константен и релевантен извштај за несреќите. Тој покажува дека се гине во секој ден од неделата на работното место, но секој месец можеби амплитудите се малку помали во зимскиот период кога нема толку многу активности, но секако, ако ја забележите онаа законитост, ќе забележите дека всушност, започнувњето на градежните работи и на земјоделските работи; со започнувњето на активности кои се поврзани со работа на отворено, ќе видите дека се зголемуваат и несреќите и се зголемува бројот на смртни случаи. Оттаму поразително е дека смртните случаи на работно место се ексклузивно, барем за минатата година машки, значи дека загинатите на работното место се мажи, а од друга страна оние коишто се загинати се чудна категорија, бидејќи се некаде од 45 до 54 години каде што би требало да бидат во својот најголем продуктивен период каде што би требало да ги имаат усвоено и запознаено сите ризици на работното место, но сепак таа група ни предничи од оние кои загинале на работното место.  Ќе видите дека Скопје е град којшто има најголем број на загинати на работоното место, но не би сакал да не доведе тоа до еден погрешен заклучок дека всушност во Скопје споредбено со бројот на жители најмногу се гине  – не, всушност горчлив вкус остава сознанието дека во Источна Македонија и понатаму предничат градовите, според баланост на број на население и загинати на работните места, ќе видиме дека Источна Македонија, ако сте маж а возраст од 45 до 54 години, како што рековте во петок, некаде во летниот период, многу поголема е шансата да загинете на работното место. Според податоците на почеткот од извешатјот можете да видите дека за разлика од Велика Британија имате четири пати повеќе шанси да загинете на работното место во Македонија.

Исто така, според извештајот, најмногу број на повреди при работа гледано по месеци се случиле во јуни, а најголем број на смртни случаи се случиле во декември. Кој е вашиот став по однос на ова?

Веројатно тука има, би рекол едно поместување кое всушност, на пример во декмври се случуваат атипично одредени настани кои довеле да бројот  за еден или двајца да биде поголем, но сепак по она искуство во изминатите десет години би останал на она мое тврдење дека во летните месеци, значително и во текот на целата недела останува фактот дека најмногу се гине на работното место.

Што според вас треба да се подобри во законот за БЗР?

Ние нашите забелешки ги дадовме во Министерството за труд и социјална политика. Тие се повеќе. Дел од нив се однесуваат на одредените делови кои се нефункционални, а другиот дел од нив се однесуваат на недоречености во самиот закон. Но, генерално ако бидее доволно искрени да признаеме дека законот е европски закон. Во изминатиот период имаше неприродни вметнувања од страна на одредени социјални партнери кои го изместија самиот закон од неговата првична идеја. Според една моја анализа беше модифицирано во однос на вкупната негова содржина некаде околу 60 до 70 посто, од оргиналната содржина. Тука дополнително влијае додавањето на оние 18, 19 дополнителни членови на кои не им беше местото, а се однесуваа на стекнувањето на називот стручно лице, всушност полагање на испит за безбедност и здравје при работа. Во секој случај законот сам по себе, јас честопати зборувам дека е форма на договор помеѓу трите страни. Значи, помеѓу работниците, работодавачите и посредникот, а тоа е државата. Државата во име на тој договор кој го дала на овие две страни делува како сведок и го потврдува, односно го става како еден вид на референтна точка. Поради тоа што ние не умееме од еден закон да направиме незакон, поточно да го тегнеме договорот и да се обидуваме да го направиме во своја полза, многу зборува за тоа дека ние секогаш пристапуваме кон тоа да добиваме мали победи за релативно кратки признанија од оние кои не поддржуваат и опкружуваат, отколку да ја видиме поголемата слика дека всушност законот самиот по себе потребно е да остане како четиво кое ќе не потсетува на тоа на што сме се обврзале. Веројатно, ако го сумирам сето ова би го рекол следново – оставете ја заштита при работа на оние кои всушност ја разбираат; оставете ја на професионалците и не се обидувајте да мудрувате, да скратувате да доаѓате во ситуација дека заштедувате, затоа што ниту една несреќа, кога ќе се случи, повеќе никој разумен не може да зборува за заштита . Имаше една добра пракса на која се потсетив преку комуникација со еден мој пријател од надвор каде што јас би вметнал дури и во законот една обврска за директорите на фирмите каде што ќе им загине работник, покрај онаа одговорност, кривична, правична, финанскиска, би вметнал една паралелна одговорност а тоа е веста дека на работоното место загинал работник/чика, да ја однесе првиот човек на фирмата на семејството. Да ги види во очи и да им каже дека повеќе го нема тој човек, бидејќи законот за безбедност и здравје и работа ја лоцира кај него. Сеуште сметаат дека работникот е потрошена роба и може да биде лесно заменет. Можеби вие лесно може да замените некого, како работник, но како ќе го надоместите тој заменет работник, како татко и како сопруг на едно семејство.