ЕкономијаМакедонија

Кога губи сивата економија добиваат сите, вели Ангеловска

Кога губи сивата економија - Работник
235views

Сите мораат да имаат ист третман, а најважно во плаќањето на јавни давачки, вели министерката за финансии Нина Ангеловска во интервју за неделникот „Фокус“. Таа најавува дека како министер за финансии ќе презема низа мерки за сузбивање на сивата економија.

– Единствено кога губи сивата економија, добиваат сите. Покрај надоградување на проектот Мој ДДВ, ќе има и други мерки. Тука повторно ќе ја посочам технологијата како клучно средство за постигнување на таа праведност и ефикасност. Следете што работам, ќе има промени, зашто секогаш сѐ може подобро. Во Министерството се прават анализи кои ќе покажат какви се ефектите на одделни мерки. Оние за кои проверките ќе покажат дека можеби не ги даваат очекуваните резултати и не ги остваруваат зацртаните цели, ќе се менуваат, укажува Ангеловска во интервјуто, информираат од Министерството за финансии, објави Сител.