Кога последен пат македонските работници добиле зголемување?
Плата. Едноставен збор од пет букви, но кога ќе биде споменат, кај многу од вработените изнудува горчлив израз на лицето. Впрочем, кој и вработен во гранките од приватниот сектор (освен ИТ) да го прашаме дали му е доволна платата, ќе одговори негативно и ќе започне да зборува дека е време за барање на подобра иднина во друга држава.
Неодамна пишував текст на тема „Зголемување на платите“, од кој потоа излезе една кратка анкета којашто решив да ја спроведам и да видам кога последен пат нашите работници добиле зголемување на платата во компанијата каде што работат. Прашањето гласеше: „Кога последен пат ви ја зголемиле платата?“, а тие на истото имаа можност да штиклираат една од следните четири опции:
- Во претходните шест месеци
- Во претходните година дена
- Немам добиено зголемување откако сум вработен/а и
- Овој месец
Најголемиот дел од испитаниците последното зголемување на платата го добиле во претходните шест месеци (33.3 %) и во претходните година дена (31.4 %). Откако се вработиле, платите воопшто не им биле зголемени на 25.5 %, а овој месец зголемување добиле само 9.8 % од испитаниците.
Резултатите покажуваат дека иако процентот на оние коишто добиле некакво зголемување во претходниот период води пред другите опции дадени во анкетата, незамарливо голем е и процентот на испитаници кои воопшто не добиле зголемување на платата од нивното вработување. Работодавачите ќе треба да обрнат повеќе внимание на зголемувањето на платите, бидејќи токму тоа на многу работници им е од големо значење и понекогаш знае да биде параметар во прашањето дали ќе преминат во друга компанија или ќе останат во истата.
- „Еј мајко му стара, абе овој што ми рече пред петнаест години да го ценам работникот во право бил…“ - 06/06/2025
- ЌЕ СЕ РЕШИ ЛИ НЕКОГАШ ПАРАДОКОСТ? Експертите велат дека потребни се законски интервенции и соодветна евиденција во Агенцијата за вработување - 02/06/2025
- (ВТОР ДЕЛ) ИНТЕРВЈУ – „Брзата и ефикасна правна рамка и инвестирањето се клучни во поттикнувањето на растот на платите во приватниот сектор“ - 29/05/2025