ЕкономијаНовостиСветСветот на работникот

Кога последен пат сте добиле бонус? Само секој петти работник добил зголемување оваа година

   Време за читање 1 минута

Само секој петти работник добил зголемување на платата оваа година (19 %), додека 14 % од вработените имале некој вид на корекција на платата предизвикана од инфлацијата, покажуваат резултатите од истражувањата кои ги спровел порталот MojPosao за време на траењето на Регионалниот саем за кариера со цел утврдување на хрватскиот и регионалниот пазар на труд.

Повеќе од половина од испитаниците (51 %) ниту добиле ниту очекувале зголемување на платите оваа година, додека само 17 % од нив се надеваат дека ќе добијат до крајот на оваа година.

Загрижува тоа што дури 68 % од испитаниците имаат намера да го сменат работното место наредната година. Меѓутоа, според податоците за реална промена на работодавачот, се гледа дека многу повеќе испитаници само планираат да го направат тоа отколку навистина да го направат.

Кога станува збор за посакуваната плата, испитаниците од Хрватска во просек очекуваат 1,335 евра, што е 11 % или 138 евра повеќе во однос на минатата година, пренесува Poslovni.

 

Во последните година и половина, работа смениле 44 % од испитаниците од Хрватска, за 1 % помалку од минатата година, додека најмалку своите работни места ги смениле испитаниците во Босна и Херцеговина (34 %) и Србија (38 %).

Најмногу корекции на плати биле направени во Босна и Херцеговина, а најмалку во Хрватска.

Фото: Shutterstock/Barat Roland

 

Бобан М. Илијевски

Новинар за работни односи, кариера и човечки ресурси

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *