ЗанимливостиМагазин

Кои европски градови би ги избрале Американците кога би се преселиле

40views

Постојат неколку градови на списокот каде што еден просечен Американец би сакал да се пресели во Европа.
Кога Американците размислуваат за преселба во Европа, нивните критериуми се следниве: присуство на меѓународно училиште, квалитет на живот, здравствен систем, интернет конекција, близина на аеродромите со меѓународни летови, трошоци за живот, активна емигрантска заедница, ниска стапка на криминал.
Подоле следува листата со најдобрите европски дестинации.

Брага, Португалија
Португалците се истражувачи и им должиме многу откритија. Со излез кон океанот, Португалија е отворена кон светот. Отвореноста и претприемништвото се две важни карактеристики кои можат да се пронајдат во Брага.
Заборавете го клишето за Латинците кои се сончаат на Сонце, Португалците се квалификувани и вредни и говорат англиски јазик многу подобро од своите европски соседи.
Брага е третиот град во Португалија и се смета за најсреќен град во земјата. Исто така, Брага е на престолот на европските градови со најдобар квалитет на живот.
Брага исто така долги години претставува домаќин на start-up-овите и меѓународните случувања.
Познат по својата историја и гастрономија, таканаречен “португалскиот Рим”, Прага привлекува не само претприемачи и семејства(поради квалитетот на живот, зелените области и меѓународните училишта), туку ги привлекува и оние кои сакаат да инвестираат во туризмот.

Мадрид, Шпанија
Мадрид нуди квалитетен европски живот, разумни трошоци и ниска стапка на криминал. Шпанија е земја во постојан развој, култруна и динамична дестинација која ќе им се допадне и на оние со прибирлив вкус.
Исто така, Шпанија нуди и добра здравствена заштита и училишен систем. Без разлика дали имате сопствена компанија, дали работите на далечина, или пак барате работа во мала, средна или голема компанија или пак сакате активно да живеете во пензија, Мадрид одговара на профилот за сите иселеници.
Шпанците, особено младите генерации, одлично го говорат англискиот јазик, но и изучувањето на шпанскиот јазик би било од голема корист.
Мадрид е главен град на голема држава и поради тоа е поскап од некои други места во Шпанија, но трошоците за живот се пониски во многу други европски престолнини како Виена, Лондон или Париз.

Брајтон, Обединето Кралство
Доколку сакате да се населите во Европа на неколку месеци, една година или пак за целиот живот, но немате енергија ни време да научите нов јазик, тогаш Обединетото Кралство е вистинскиот избор.
Додека некои градови како што се Лондон, Манчестер или Бирмингем се совршени за пронаоѓање работа во големи компании, Брајтон е совршен за пронаоѓање, мислители, дигитални номади и уметници.
Познат по својата отвореност и толеранција, Брајтон е исто така признат како еден од зелените престолнини на Велика Британија.
Неговите предности се културен живот, отвореност, одлично крајбрежје, необични продавници, меѓународни училишта и светски позната улична уметност.

Сан Себастијан, Шпанија
Сместен на брегот на Бискејски залив, овој преубав шпански град е еден од гастрономските метрополи на Европа, со импресивна број на ресторани, прекрасни плажи, силен регионален карактер, одличен квалитет на живот и култура.
Доколку дојдете во Сан Себастијан дојдете како дигитален номад, избегнувајте го летото, цените на куќите се превисоки за изнајмување.

Хамбург, Германија
Скоро 14 проценти од Американците имаат германско потекло. Германија е добредојдена земја за американските имигранти кои се враќаат на своите корени или сакаат да откријат земја позната по квалитетот на живот, важните индустрии, ниска стапка на криминалот, висока процент на вработеност, стабилност и добро економско здравје.
Германија има што да им понуди на сите видови иселеници, пензионери, млади работници, дигитални номади, млади родители, независни патници, без разлика дали се ниско или високо квалификувани.
Покрај гореспоментатите градови и држави тука се и Грција се својот главен град Атина и Брисел во Белгија.

Advertisement