- Advertisement -
ЕкономијаНовостиСветСветот на работникот

Кои работни места станаа непожелни по пандемијата?

Кои работни места - Работник
419views

Во Соединетите Држави, интересот за работните места во градежништво и ИТ технологијата се зголеми од почетокот на пандемијата, додека интересот за грижа за деца, подготовка и складирање на храна е намален.

Анализата на огласите за работа во САД од почетокот на пандемијата покажа зголемување на интересот за работни места во сектори како градежништвото и ИТ, според веб-страницата на Светскиот економски форум.

Интересот за работни места во тие два сектора беше речиси 60 отсто поголем на почетокот на октомври 2021-ва година, во споредба со 1 февруари минатата година.

Во истиот период, потрагата по работни места во областа на медиумите и комуникациите, како и во областа на развој на софтвер скокна за повеќе од 48 отсто.

Од друга страна, интересот за работни места за згрижување деца е намален (-15,2 отсто), како и за услуги за складирање храна (-18,3 отсто).

Интересот за лична нега и домашно лекување (-33,3 проценти), но и за товарење и складирање (-39,8 проценти) е намален.

Во исто време, бројот на огласи за работни места за товарење и складирање е повеќе од двојно зголемен во споредба со февруари 2021-ва година.

Секторот за складирање не е единствениот што се најде во дилема, многу многу помалку популарни сектори се борат да ги пополнат работните места по пандемијата.

Огласите за работа преку Интернет го надминаа нивото забележано пред пандемијата. Во Соединетите Држави има зголемување за повеќе од 50 проценти во однос на периодите пред пандемијата.

Интересот за одредени работни места е силно поврзан со цената на час и можноста за вршење на работа од далечина.