- Advertisement -
ЕкономијаНовостиСветСветот на работникот

Кока-Кола отпушта 2.200 работници

Кока-Кола отпушта 2.200 работници - Работник
220views

Американската компанија Кока-Кола објави дека ќе укине 2.200 работни места како дел од планираното преструктуирање поради пандемијата на корона вирусот.

Намалувањето на работните места ќе влијае на околу 2,6 проценти од вкупната глобална работна сила на компанијата.

Околу 1.200 работници ќе бидат отпуштени во САД.

Во соопштението на компанијата се истакнува дека е подготвена програма за доброволно заминување, но дека ќе биде потребно да се извршат присилни отпуштања.

Кока-Кола објави пад на приходите за 33 проценти во третиот квартал на 1,7 милијарди долари.