- Advertisement -
Правда

Колективните договори- клуч за успешен систем на Безбедност и здравје при работа

Колективните договори- клуч за успешен систем на Безбедност и здравје при работа - Работник
641views

Колективни договори – клуч за успешен систем на Безбедност и здравје при работа, беше темата на денешната работилница која се одржа во конференциската сала на хотелот Александар 2, во Скопје.

Панелисти на дебатата беа: Претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, Благоја Ралповски кој наведе дека вината за почитување на колективните договори се наоѓа во Владата. Тој рече и дека треба да се има пред се политичка волја за да се почитуваат колективните договори, односно одредбите кои се за Безбедност и здравје при работа. Истакна и дека нема волја да се преговара и дека инспекциските служби треба повеќе да бидат на терен. Додаде и дека социјалниот дијалог не е доволно средство за надминување на проблемите, бидејќи тој не функционира.

Иван Пешевски, од синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање – СГИП, гранков синдикат на Сојузот на синдикати на Македонија, наведе дека пред да се изготви колективен договор или закон треба прво да се излезе на терен и да се види што им треба на работниците. Тој објасни за ситуацијата во градежништвото, каде што има најголеми жртви поради непочитување на Безбедноста и здравјето при работа.

Горан Нешевски, претставник од Министерството за труд и социјална политика наведе дека социјалниот дијалог е најзначаен за да се почитуваат колективните договори. Истакна дека има многу работници во сивата зона, каде што инспекциските служби не можат да досегнат, поради тоа што тие се прикриени од законот.

Модератор на работилницата беше Др. Проф. Лазар Јовевски, а обуката е дел од проектот е поддржан од Аоцијацијата за правни – економски истражувања и едукација „Јуридика“ и Европската Унија.

На обуката учествуваа претставници и од Независниот полициски синдикат, Синдикатот на градежништво, индустрија и проектирање, Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство и Конфедерацијата на слободни синдикати.