ЕкономијаСветСветот на работникот

Колективно намалување на платите на вработените во Фијат Крајслер

Фијат Крајслер - Работник
180views

Вработените и раководителите на автомобилската групација Фијат Крајслер (ФЦА) ширум светот се согласиле на колективно намалување на платите.

Тие сакаат да и помогнат на компанијата да се избори со загубите предизвикани со пандемијата на корона вирусот, јавува Ројтерс.

Како што се наведува во документот во кој британската агенција имала увид, се работи за „заедничка жртва“ на вработените во момент кога бројни фабрики на ФЦА во Европа и Северна Америка се затворени поради пандемијата на корона вирусот.