Наука

Колку е масивен Млечниот пат?

Колку е масивен Млечниот пат? - Работник
100views

Тргнете се од градските светла, погледнете нагоре и ќе видите едно од чудата на ноќното небо – сјајни облаци на ѕвезди кои ја сочинуваат галаксијата под назив Млечниот пат. Нашиот галактички дом е простран и убав, но поседува многу тајни.

На пример, и покрај обидите низ десетици векови, астрономите допрва треба да одредат колку тежи нашата галаксија, со процени кои започнуваат од 700 милијарди и 2 трилиони пати повеќе од нашето Сонце.

Мерењето на галаксијата, особено додека живеете во неа, не е лесна задача. „ Тоа е како да се обидувате да направите попис на населението во САД, но не можете да го користите интернетот и не можете да го напуштите градот во кој живеете“, изјавил за Лајв Сајенс, астрономот Екта Пател од Универзитетот Аризона во Тусон. Никој не може да го стави Млечниот пат на космичка скала и само да го прочита резулататот.

Дел од проблемот е што поголемиот дел на масата на галаксијата е невидлива. Нашиот Млечен пат е сочинет од 85 посто од темна супстанца и мистериозната супстанца кои не оддаваат никаква светлост, рекол Пател. Така едноставното пребројување на ѕвездите во нашата галаксија нема да не однесе далеку.

Поради тоа истражувачите обично гледаат во орбитата на небескиот објект, рекол Пател. Методата се темели на гравитациските еднаквости изведени од страна на Исак Њутон пред повеќе од 300 години, што покажува дека брзината и оддалеченоста со кои малите тела се движат, се поврзани со масата на поголемиот објект.

Една од методите, корситени во истражувањето во 2017 година, објавено во списанието The Astrophysical Journal, е да се погледнат малите сателитски галаксии оддалечени илјадници светлосни години кои поминуваат околу Млечниот пат, токму како што планетите кружат околу ѕвездите. Но, постои проблем со тие сателитски галаксии.

„Нивните орбити се долги милијарди години“, рекол Пател, што значи дека истражувачите не можат лесно да ја одредат нивната орбитрална брзина.

Во студијата објавена во јуни 2018 година во списанието The Astrophysical Journal, Пател и неговите колеги се обиделе со нова метода на мерење на галаксијата. Ги погледнале компјутерските виртуелни симулации на вселената кои можат да репродуцираат многу аспекти од нашиот космос и се обиделе да пронајдат примери на мали галаксии кои орбитрираат околу поголемите.

Отприлика 90,000 од тие симулирани сателтиски галаксии потоа се споредени со податоците за девет вистински галаксии кои кружат околу Млечниот пат. Тимот ја одбрал таа чии орбитрални својства најмногу се вклопуваат во вистинските сателиски галаксии и ја набљудувале масата на симулирани галаксии кои ги обликолувале. Тоа им дало прилично добра процена на вистинската маса на нашата галаксија која забележила 960 милијарди пати поголема маса од Сонцето.

Познавањето на масата на галаксијата им помогнало на астрономите со многу работи, рекол Пател. Како први, астрономите би можеле подобро да ги пресметаат орбитите на сателитските галаксии бидејќи тие зависат од масата на Млечниот пат. Потешките галаксии исто имаат повеќе сателити кои кружат околу нив, а до сега преку телескоп забележиле околу 50 галаксии кои кружат околу Млечниот пат. Бидејќи не знаеме точно колку тежи галаксијата, научниците не се сигурни колку сателитски галаксии би требало да очекуваат. Конечно, вистинската тежина на Млечниот пат би им помогнала на истражувачите да знаат колку е уделот на неговата маса во однос на редовната материја. Пател се надева дека идните студии и подобрите податоци ќе згаснат некои од непознатите работи за Млечниот пат.