- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Колку изнесува К-15 за вработените на половина работно време?

Работодавачите имаат уште седум дена - Работник
534views

Во јавноста се појави дилема за тоа колку треба да се исплати регрес за годишен одмор (К-15) на оние коишто се вработени на половина работно време, а кои ги исполнуваат критериумите за да земат К-15, односно работат кај ист работодавач шест месеци.

Порталот Работник побара одговор од Организацијата на Работодавачи на Македонија која заедно со Сојузот на синдикатите е потписник на Општиот Колективен договор за стопнаството.

Од ОРМ велат дека иако Општиот Колективен договор за стопанство прецизно не ја дефинира оваа ситуација, водејќи се од искуствата во минатото и третманот со платата и другите надоместоци, вработените на половина работно време ќе треба да земат половина К-15.

Универзитетскиот професор по трудово право, проф. д-р Лазар Јовевски за порталот Работник изјави дека Колективниот договор за стопанство е јасен и недвосмислено е дека регресот за годишен одмор (К-15) се пресметува врз основа на основицата на платата, во месецот кога е донсена одлуката, односно изнесува 40 % од основицата на платата. 

Тој истакна дека работното време не е критерум и не треба да се зема во предвид во пресметката за исплата на К-15, туку висината на основицата на платата на вработениот. 

 Во Колективниот договор за стопнаство стои дека со колективен договор на ниво на дејност или колективен договор на ниво на работодавач може да се утврди регрес за годишен одмор во поголем износ од износот утврден со овој колективен договор.

Според последните информации за платите на Државниот завод за статистика, износот на К-15 за 2020 година треба да се движи од 10.956 до 16.349 денари.