- Advertisement -
ЕкономијаНовостиСветСветот на работникот

Колку пријатели имате на работа? Студијата не покажува позитивни резултати, а после короната е уште полошо

Пријатели - Работник
532views

Подготвил: Бобан Илијевски

Едно истражување покажало прилично песимистички податоци поврзани со тоа колку луѓето се дружат на своите работни места и какви им се шансите на работното место да стекнат пријател, на кој може да му се доверат.

Работата од дома и пандемијата со Ковид – 19 – дополнително ги нарушиле овие врски, бидејќи луѓето се оддалечиле.

Џејкоб Ма (27), на пример, дал се од себе да се дружи со луѓе преку ЗУМ, а дури и организирал онлајн „среќни часови“ (happy hours) или виртуелни настани, но безуспешно: „Дефинитивно ми е полесно да запознам некого во живо“, рекол тој. Сега има неколку колеги со кои редовно се гледа преку викенд.

Многу е тешко да се стекнат пријатели на работното место во ек на пандемија, при што многу млади не отишле физички во канцелариите, ниту се запознале официјално со колегите кои ги познаваат само преку социјалните мрежи.

Ако сеќавањата не лажат, бројките „не лажат“. Имено, во 1985 година, 27 % од Американците имале барем еден „доверлив пријател“ на работното место, а до 2004 година истото можеле да го кажат само 16 %.

Ова го покажала студијата која била применета на 1,500 возрасни луѓе во САД, а ја спровела независната истражувачка организација НОРК, при Универзитетот во Чикаго.

Во текот на 2017 година, повеќе од половина луѓе имале пет или помалку пријатели на работа, покажала студијата на компанијата „Future Workplace“ и „Virgin Pulse“, примената на 2,000 менаџери и вработени од 10 сојузни држави во САД.

Во некои компании кои немаат намера трајно да ги враќаат своите вработени на работните места, во канцелариите, сега фокусот е насочен кон тоа социјализацијата да се „одвива“ на друго место, односно колегите да се состануваат вон работното место.

Компанијата за клауд програмирање „Veeva“ вработува околу 5,000 работници и нема обврзувачки план да ги врати на работа. Емили Ченг (23) која работи за компанијата од крајот на август 2020 година, од далечина, нашла начин како да се гледа со колегите.

Извор: Telegraf Biznis

Фото: Freepik