ПравдаСветСветот на работникот

Колку робови работат за вас?

Колку робови работат за вас? - Работник
97views

Купувачот сака евтино, трговецот сака да заработи. Затоа не му е важно што работи произведувачот некаде во светот.

Детстиот труд, мизерните плати, загадувањето – сеедно. Може ли законот да го прекине тој ланец?

Во секоја германска продавница, многу лесно може да се најде млечна чоколада за помалку од 80 центи. И тоа убаво спакувана, испорачана, поставена на полицата – се тоа чини. А тука е и добивката на трговците на големо и сопствениците на продавниците, пишува Дојче Веле.

Затоа самата чоколада мора да биде многу ефтина. Се гледа да секоја нејзина состојка биде што е можно поевтина, а кога се работи за најважната и највредната состојка, какао – плодот, јасно е дека и трудот мора да биде многу евтин. Односно дека оваа работа ја работат оние на кои најмалку им се плаќа: децата.

За секој од нас работат 50 робови.

Универзитетот во Чикаго веќе две децении постојано ја следи ситуацијата на плантажите во африканските земји кои предничат во извозот на какао – суровини, а тоа се Брегот на Слоновата коска и Гана.

Во најновата анализа може да се види дека таму се зголемува бројот на деца кои работат и дека нивниот број – и покрај „згрижувањето“ и лицемерието на Западот, достигнал рекорд: околу 2,260,000 деца се принудени да берат и обработуваат какао – плодови за да ние јадеме евтина чоколада.

Германскиот министер за развој, Герд Милер, таквите анализи го потресуваат: „Проблемот е тоа што ние во индустриските земји екстернализираме, односно го пренесуваме производствениот ланец во земји во развој и така ги поткопуваме стандардните производства за нашите општествени благосостојби (…) ние тоа така го прифаќаме и бетонираме со експлоатација на природата на луѓето во земјите во развој. Еден научник од Бајројт докажал дека нашиот животен стандарад во Германија и потрошувачката со која живееме во просек значи дека за нас работат по 50 робови“.

Доброволно – не оди

Тоа не е ништо ново и веќе со децении постојано се прават обиди нешто да се промени. Не само на политичко ниво, туку и претпријатијата во развиените земји се обидуваат да внимаваат да во нивните производствени ланци и ланеците на снабдување вредат стандардите за заштита на работниците, животната средина и социјалната грижа, пишува ДВ.

На политичарите не им е јасно зошто не можат да работат самите претпијатија: „Доколку веќе внимаваат на квалитетот на производот, можат и да внимаваат на почитувањето на човековите права“, убеден е германскиот министер за труд, Хубертус Хајл.

Но тие тоа не го можат – или не го сакаат. Ланецот во кој купувачот од полиците зема само она што е евтино не може да се скрши туку – така и германските компании затоа не прашуваат кој и како произведува се додека цената е поволна. На таа алчност подлежат и големите брендови. Кога ќе купите фармерки од 150 евра, не е невозможно да ги произвеле истите сироти луѓе кои ги прават и фармерките од 15 евра.

Законот е всушност договорен

Затоа никој не покажува голема волја да го следи текот на производството. Тоа го покажала и анкетата направена помеѓу 5,500 големи германски компании со повеќе од 50о вработени.

Во декември 2019 година е објавен првиот прелиминарен резулат на истражувањето кое покажало дека само во 18 отсто од компаниите постои барем некаков начин за следење на ланецот за снабдување и дека тие не можат да докажат под кои околности е произведена робата која ја увезуваат. Во вториот круг на испитување тој процент се зголемил на 22 отсто од германските компании.

„И второто испитување даде разочарувачки резултати“, коментира министерот Милер. А, тој гледа само еден излез: „ За да се остварат стандардите на човековите права и за да во ланецот на испорака нема детски труд и за да сите се придржуваме до еколошките и социјалните, барем минимални, стандарди потребна ни е законска рамка. Така е и договорено во коалиционата спогодба на нашата Влада“.

Германските демохристијани со социјалдемократите уште во 2018 година потпишале договор за донесување на соодветен закон доколку самите компании не го променат односот кон овој проблем. Министерот Хајл (СПД) уште во август најавил дека ќе изнесе предлог за нов закон кој владата потоа ќе го достави на разгледување на пратениците во Бундестагот. Тоа значи дека таквиот закон би можел да стапи во сила веќе следната година.

„Зарем ние да внимаваме на човековите права повеќе од целата влада?“

Големо е прашањето како една таква глобална правда да се спроведе дури и со закон? Затоа предлог законот оди многу далеку: сите компании со повеќе од 500 работници би морале да проверат во која мерка ги кршат човековите права и да преземат соодветни мерки за первенција и помош. За тоа ќе мораат да поднесуваат и годишни извештаи, навдува ДВ.

Повеќе од 60 германски компании соопштиле дека ги поздравуваат таквите мерки. Но многумина се бесни на Владата затоа што во ек на короната им се наметнуваат дополнителни правила. А и го поставуваат прашањето чија е таа работа воопшто. Многумина не се убедени дека тој закон е многу потребен, ниту дека треба да се носи толку брзо.