Наука

Колониите на пингвини се намалиле за 77 посто

Колониите на пингвини - Работник
111views

Научниците кои ја истражувале популацијата на пингвините на Антарктик откриле драстично намалување во многу колонии, а некои се намалиле за 77 посто откако последен пат се прегледани пред речиси 50 години, известил хрватскиот Гринпис.

„Ваквите падови во популацијата сугерираат дека екосистемот на Јужниот океан значајно се сменил во последните 50 години и дека ова влијае на прехрабениот ланец и видовите како пингвините. Иако може да има неколку недостатоци, сите докази кои ги имаме зборуваат дека за тие последици одговорни се климатските промени“, велат Професорката по екологија и еволуција на њујоршкиот универзитет Стони Брук и една од водачите на експедицијата Хедер Џ. Линч.

Независните истражувачи кои се во склоп на едногодишната експедиција „од половина до половина“ откриле дека популацијата на пингвините се намалила во секоја поединечна колонија која е истражувана на островот Елефант, важно престојувалиште на пингвините североистично од Антарктичкиот полуостров.

Таму бројот на огрличестите пингвини се намалил за речиси 60 посто од последното истражување во 1971 година. Научниците ги истражувале колониите користејќи безпилотни летала и методи на рачно броење.

Фрида Бенгтсон од Гринпис кампањата за заштита на океанот рекла дека итно се потребни скривалишта без штетни човечки активности.

„Научниците предупредуваат дека мора да се заштитат 30 посто од светските мориња до 2030 година, за да морските суштества како пингвините можат да се опорават од човечкото влијание и да се прилагодат на климата која брзо се менува. За да тоа го постигнеме, неопходно е владите оваа година да се договорат за глобалната спогодба за светските мориња“, истакнала Бенгтсон.

Во рамките на Конвенцијата на Обединетите Нации за правото на морето, светските влади расправаат за спогодбата за светкските мориња, со која би се ставиле темелите за заштита на 30 посто од отворените мориња до 2030 година, истакнува Гринпис.