Uncategorised

Колумна: Ден на (не) слободата на медиумите

Колумна: Парадигмата на слободата на медиумите - Работник
335views

Автор: Бобан Илијевски

 

Денеска е 3 мај, Светски ден на слободата на медиумите. Ширум нашето соседство денеска овој ден ќе медиумите ќе го обележат со пет минутна громогласна тишина. Вчера порталот Работник објави статија за состојбите на медиумите во Србија, каде што нивниот статус е во многу лоша состојба, поради цензурирањето и политизирањето на уредувачката политика.

Кај нас во Македонија не е ништо поразлично. Медиумите постојано потпаѓаат под притисоци од страна на властите и наместо да бидат неутрални тие се делат по политичка припадност, а по секое светско медиумско правило тие треба да бидат неутрални. Објективноста е примарната алатка во новинарството, а за да таа се практикува потребно е да се редуцираат одредени фактори коишто влијаат на објективноста и ја попречуваат. Не може да се каже дека ова важи за сите медиуми. Има и такви кои и покрај сите притисоци, се обидуваат да го задржат своето достоинство, својата чесност и непристрасност. Слободата на говор во медиумите е исто така загрозена поради тоа што новинарството се сведува на вистина, а на одредени персони не им се допаѓа вистината.

Овој датум, 1993 година Генерлното собрание на Обединетите Нации го прифати како Светски ден на слобода на медиумите, врз основа на препораките на УНЕСКО и декларацијата Виндукс за независни медиуми. На овој датум се доделува и награда на УНЕСКО, наречена по колумбискиот новинар Гилерм Кан, кој е убиен поради објавени приказни за нарко-картелите во својата земја. Годинешната награда им припадна на новинарите на Ројтерс, Ва Лон и неговиот колега Чо Со У, кои детално го истражувале извршениот масакр врз муслиманското малцинство Рохинџи во селото Ин Дин во Мјанмар.

Истражувачко новинарство

Додека студирав на факултет имаше една фраза која професорите постојано ја повторуваа кога предаваа за истражувачкото новинарство, а таа гласи дека истражувачкото новинарство е куче – чувар на демократијата. Се согласувам со оваа фраза, а верувам и дека многу од вас кои ќе ја прочитате оваа колумна ќе се согласите со мене. Иако постојано се зборува дека во Македонија е потребно истражувачко новинарство, сепак нема слобода тоа да функционира. Има многу бројни примери за позитивен исход од истражувачкото новинарство, а еден од нив е истражувањето на на италијнскиот новинар и писател Роберто Савиано кој со техниките на новинарството успеал да го пробие срцето на Италијанска мафија во Наполи.

Се на се, мојот заклучок е дека слободата на медиумите во нашата држава е на ниско ниво. Таа постојано е ставена под нечија контрола. Се додека е така кај нас нема да има вистинско новинарско известување.

Напомена: Ставовите во оваа колумна не ги одразуваат официјалните ставови на порталот Работник