КолумниСветот на работникот

Колумна на просветен работник од САД: Политичарите се обидуваат да им го одземат правото на штрајк

Колумна на просветен работник од САД - Работник
313views

Автор: Ева Алтизер – просветен работник од САД

Просветните работници се многу важен дел од општеството, но и покрај значењето на нивната професија, тие не се ценети како што треба.

Доказ за тоа е штрајкот. За да успеат да добијат зголемување на платите, им требаа многу протести. Излегувањето на улиците и јавното искажување на барањата им успеа, но и им одзеде поголем труд, отколку што треба. Во Капитол (Вашингтон) треба да има претставници кои ќе ги претставуваат интересите на просветните работници, како и треба да има луѓе кои ќе работат со нив. За жал, тие мораше да протестираат за да се слушне нивниот глас.

Непочитување од страна на учениците кон просветните работници постои, но постои и непочитување од страна на оние кои се на високите позиции и ја имаат моќта на одлучувањето во плитиката на побразованието. Ова важи и за многу други работници.

Во минатото, кога образованието било помалку достапно на луѓето, просветните работници биле многу ценети. Луѓето имале поголема почит, во времето кога повеќето од просветните работници биле мажи. Можеби е коинциденција, но кога жените започнале да навлегуваат во оваа дејност, луѓето започнале се помалку и помалку да се грижат за неа. Во денешно време, поголемиот дел од просветните работници во Соединетите Американски Држави се жени. Што се случува сега? Нивните плати се мали. Можете да го обвинувате и фактот дека жените се помалки платени од мажите. Тоа е вистина и постојат многу студии кои можат да го докажат тоа.

Без разлика на нивната ситуација и без разлика дали се мажи или жени, просветните работници придонесуваат во општеството, на начин кој е многу важен за нас. Тие не учат како да се бориме и да преживееме во општеството, не учат што значи да бидеме сочувствителни и тие не „туркаат“ кон патот да станеме подобри и поуспешни личности. Без нив, сите ние многу би пателе. Тие се клучна алка од нашата човечност веќе стотоци години. Се надеваме дека тоа ќе трае уште долго време.

За време на штрајкот на просветните работници, не само просветните работници и учениците беа во училиштата. На некој начин, сеуште бевме во училиштата, бидејќи и штрајкот беше лекција. Луѓето во Западна Вирџинија биле подучени да се борат за се што веруваат дека е правилно и дека имаме право да протестираме.

Не е важно што мислат оние кои се против нас за нас, туку она што е важно е тие да разберат дека биле во грешка. Грешка е да се одземат правата на човекот бидејќи мислат дека имаат моќ над нив. Просветните работници имаат право да протестираат и тоа право никогаш нема да им биде одземено. Без разлика што и да се обидат да направат, ова е демократија. Секој има право да го искаже својот глас и тоа никогаш не може да се одзме.

Гледав како политичарите се обидуваат да го одземат правото на штрајк од просветните работници. Тоа не е лошо, не е нелегално. Тие имаат исто толку право да штрајкуваат, колку и рударите кои протестираа во Западна Вирџинија. Постои причина поради којашто синдикатите постојат – да ги менаџираат штрајковите и да ги држат протестите мирни.

Просветните работници беа организирани и имаа помош од синдикатите. Тие протестираа легално и не предизвикаа насилство. Го имаа секое право според Уставот да поднесат петиција против своите претставници и така ќе остане.