Колумни

Колумна: Состојбата со трудот во државата: (не)вработеност

Колумна: Состојбата со трудот - Работник
260views

Автор: Вилдан Дрпљанин

Невработеноста и работничките права имаат причинско-последична врска, односно теоријата вели дека колку е поголема стапката на невработеност, толку се помали правата на вработените.

Во претходните шест месеци, лесно можеше да се забележи триумфалистичкиот тон со кој владините претставници известуваа за падот на невработеноста и за успешноста на мерките на Владата. За држава како нашата, која од нејзиното осамостојување до денес се соочува со голема стапка на невработеност, оваа бројка е неизбежно еден од главните социјални фактори што ги диктира односите, културата и функционирањето на институциите. Токму поради тоа, особено е важно да се анализира вистинското значење на процентот на (не)вработени луѓе како показател за состојбата со трудот во државата.

Аналитичка слика на пазарот на трудот

Невработеноста и работничките права имаат причинско-последична врска, односно теоријата вели дека колку е поголема стапката на невработеност, толку се помали правата на вработените. Аналитичката слика на државата тврди дека во првото тримесечје од 2019 година вкупниот број на вработени изнесувал 789.414 лица (45,1 отсто), додека вкупниот број на невработени изнесувал 171.329 лица (17,8 отсто). Споредбено со земјите-членки на ОЕЦД, македонската стапка на вработеност е исклучително ниска, додека просечната стапка на невработеност е значително повисока од просекот на државите. Од соопштението на Државниот завод за статистикапроизлегува дека секторот на преработувачката индустрија вработува најмногу луѓе – 155.914 лица, додека најмал број на вработени има во секторот на рударство и вадење на камен – 6.523 лица. Дополнително, најголем дел од невработените (75,7 отсто) се со завршено основно, тригодишно или четиригодишно средно образование, но значителна е и стапката на невработени со високо образование (20,8 отсто).

Од родов аспект, забележително е тоа што само 40,5 отсто од вработените и 37,7 отсто од невработените кои бараат работа се жени. Слично со тоа, стапката на неактивни лица, која се состои од луѓе што не можат или не сакаат да работат, ја сочинуваат 36,9 отсто мажи и 63,1 отсто жени. Ваквата поставеност очигледно посочува кон помала вклученост на жените и се надоврзува на истражувањето на Светската банка за нееднаквостите на македонскиот пазар на трудот. Со оглед на тоа што податоците од истражувањето тврдат дека генерално помеѓу жените, стапката на неактивност изнесува околу 48 отсто споредбено со приближно 23 отсто помеѓу мажите, станува јасно дека првиот проблем на кој треба одделно да се работи е родовиот аспект.

Остатокот од колумната можете да го прочитате тука

Колумната е авторска творба на авторот и во ниеден случај не ги одразува ставовите на Порталот Работник