Правда

Командир вознемирувал полицајки: Дојди кај мене на „Пижама парти“

Командир вознемирувал - Работник
987views

Раководно лице со пораки повикувало полицајки на тајни состаноци, забава во пижами, а биле и сексуално вознемирувани со закани дека ќе го изгубат работното место, пренесува „МКД.мк“.

Случајот вчера го обелодени и Независниот полициски синдикат, а од таму велат дека ќе одат до крај и нема да остават жените вработени во МВР да трпат сексуални притисоци.

Порталот МКД.мк објави неколку пораки кои им биле испраќани на полицијките. Во нив раководното лице кое е пријавено во МВР им праќа покана за на „Пижама парти” односно забава кај него дома, а во дел од нив тој ги прашува дали ги привлекува за дружба или не.

Освен овие пораки, во доказите за овој вработен во МВР има и пораки со закани дека мораат да дојдат на тајни состаноци, инаку тоа негативно ќе им влијае на местото и работата.

Како што објави МКД.мк шест полицајки веќе поднеле пријава дека повеќе од една година биле сексуално вознемирувани со закани дека ќе го изгубат работното место од раководно лице во полициска станица во Скопје.
Од МВР велат дека веќе ги испитуваат сите наводи од пријавата.