Правда

Комисијата за труд на ВМРО- ДПМНЕ организираше трибина за лицата со попреченост

ВМРО- ДПМНЕ - Работник
123views

Лицата со попреченост се дел од нашето општество, од нашето секојдневие и навистина потребно е целото општество, односно сите граѓани да обрнуваат внимание на прашањата со кои се соочуваат овие наши сограѓани, вели Проф. д-р Лазар Јовевски на денешната трибина насловена како „Лицата со инвалидитет помеѓу правните стандарди и реалните факти“ која беше органиирана од страна на Централната комисија за труд, социјална политика, демографија и родови прашања на ВМРО – ДПМНЕ.

„Имам задоволство да учествувам на трибина која ги опфаќа правните стандарди коишто се однесуваат на лицата со попреченост, а од друга страна пак реалната и фактичката состојба, проблемите со коишто лицата со попреченост се соочуваат во Македонија“, рече Јовевски.

Истакна дека од самата трибина произлегуваат голем број на прашања и теми коишто се вредни за дискусија и истите се дел од нашето секојденевие. Според него, од една страна има меѓународни и национални стандарди коишто ги уредуваат правата на лицата со попреченост во различни области од живеењето, а од друга страна пак, во пракса се поставува прашањето колку овие стандарди де факто се применуваат за лицата со попреченост.

Јовевски рече дека треба да се направи еден баланс помеѓу стандардите кои постојат во однос на зашитата и унапредувањето на правата на лицата со попреченост, генерално во општеството.

На трибината се поставија прашања и за интеграција на лицата со попреченост преку вработувањето коешто е клучен фактор за нивна еднаквост. Од друга страна пак е прашањето за дискриминацијата и од третата страна прашањето за остварување на конкретни права кои веќе постојат и кои треба да се воведат за да има успешна интеграција, вели Јовевски.

Бранкица Димитровска од невладината организација „Хендикеп плус“ истакна дека ВМРО – ДПМНЕ е отворена партија којашто во самите редови почнала да ја имплементира конвенцијата за лица со попреченост. Наведе дека во повеќе теми и дебати на партијата се вклучени лицата со попреченост, за да се даде придонес за оваа група на граѓани.

„Како партија сме отворени за нови предлог идеи и мислам дека од оваа трибина ќе извлечеме поенти од горчливите проблеми во нашето секојденвие и дека ќе ги пронајдеме оние механизими кои би функционирале, огледувајќи се на примерите од соседството и пошироко“, рече Димитровска.

На трибината стана збор за повеќе области во однос на лицата со попреченост, меѓу кои беа работните односи, пристапот до објекитите за лицата со попреченост, законски норми и т.н. Сите присутни имаа можност да се вклучат во дебатата со своите прашања и коментари.

На трибината присуствуваа и Елена Кочовска од невладината организација „Полио Плус“ и Душко Миновски од Министерството за труд и социјална политика, како и претставници на здруженија на лица со попреченост.

Трибината се одржа во седиштето на ВМРО – ДПМНЕ.

 

Бобан Илијевски