- Advertisement -
ЕкономијаМакедонија

Комисијата не препорача олабавување на мерките од понеделник

335views

Комисијата за заразни болести денеска не препорача олабавување на мерките, поради зголемениот број на заболени изминатото деноноќие, дознава Сител. На состанокот во понеделник ќе разговараат дали идната недела ќе се скрати полицискиот час и кога ќе бидат отворени рестораните и кафетериите. Иако на почетокот на неделата министерот за здравство најави дека од понеделник дел од угостителските објекти ќе почнат со работа, сепак ваква одлука викендов нема да биде донесена.

Додека се чека одлуката некои угостителски објекти најавија отворање на локалите на 18 мај.

Во меѓувреме од АХВ објавија препораки како да работат објектите кои подготвуваат и послужуваат храна за да се спречи инфекција со Ковид-19. Вработените во угостителските објекти и хотелите потребно е да одржуваат редовна хигиена на рацете и честа дезинфекција во објектот и на гостите. Да држат растојание помеѓу себе од 1,5 до 2 метри. Задолжително да носат маски или визири.

Масите да бидат поставени за максимум 4 лица кои ќе седат на површина од 10 метри квадратни. Растојанието од задниот дел на столиците на соседните маси да биде најмалку 1 метар, а гостите да се гледаат на растојание од најмалку метар и половина.

За отворањето на границите министерот за надворешни работи изјави дека ќе зависи од текот на епидемијата, но не прецизираше кога тоа ќе се случи. Идната недела ќе разговара со шефофите на дипломатиите на земјите од регионот за да се договорат за единствен систем на комуникација и движење и дали на граница ќе се бараат тестови за Ковид-19.

– Ако една земја бара тестови, а друга земја не, ланецот се прекинува, така што апсолутно мора да се координираме и да разговараме меѓу другото и за тоа, изјави Никола Димитров, министер за надворешни работи.

По намалувањето на полицискиот час за време на викендот, уште не е познато како ќе биде ограничено движењето од понеделник, дали како досега од 19 до 5 часот наутро или пак граѓаните во текот на вечерта ќе можат да шетаат надвор уште неколку часа.

Извор: Сител

Advertisement