ЕкономијаСветСветот на работникотСиндикат

Компаниите во градежниот сектор се потешко доаѓаат до квалификувани работници

Компаниите во градежниот - Работник
302views

Претседателот на синдикатот за градежништво и индустрија за градежни материјали на БиХ, Махир Семиќ изјавил дека стопанските друштва во БиХ во градежниот сектор се потешко доаѓаат до квалификувани работници и оспособена работна сила особено кога се работи за капиталните проекти како што се изградбата на дел од автопатот на Коридорот Вц и Блокот 7 од Термоелектраната на Тузла.

Статистичките податоци на Агенцијата за статистика на БиХ покажуваат дека вредноста на извршени градежни работи на компании од БиХ во странство за девет месеци во 2019 година, била помала за 5,1 отсто, од истиот период пред една година.

„Повеќе фактори можат да бидат причина за тој пад, но веројатно клучен недостаток е квалификуваната и оспособена работа сила која заминува во странство“, рекол Семиќ за Фена.

Навел дека сепак има и некои позитивни показатели, како и дека, според информациите на овој синдикат, во 2019 година во странство заминале помалку градежни работници од 2018 година. Во Словенија во 2018 година, додал Семиќ, заминале 13,600 работници од кои 70 проценти се градежници или отприлика 10,000 работници.

„Платите на градежните работници во 2019 година се зголемени, што е главната причина за намаленото заминување во странство“, рекол Семиќ.