Компаниите за превоз на патници пред колапс
Осум автобуси и седум минибуси стојат на паркингот со месеци, нерегистрирани. Осум месеци компанијата е скоро без никаков прилив на средства, од 24 вработени останаа само четворица. Ваква е состојбата во една од многуте транспортни компании фокусирани на туристичките патувања и далечните екскурзии кои сега опстануваат само со повремен превоз на патници низ државата. За да не стават клуч на врата, голем дел од компаниите ги продаваат возилата, на огласните сајтови автобуси се продаваат како никогаш до сега.
Пандемијата ги намали и патниците и во такси- компаниите. Некои се плашат за влезат во такси, каде според протоколите може да патуваат само двајца патници. Заради наставата од дома, нема ниту превоз на ученици. До денес е пријавувањето за владината помош, но голем дел ќе останат и без неа заради големиот број отпуштени вработени.
Таксистите бараат од општината и компаниите одлагање на обврските на неколку месеци, но предлозите ретко кој ги прифаќа. Од почетокот на кризата бројот на такси возила во Штип е намален за 40 насто.
Извор: МРТ
- СПМ одржа состанок со Министерот Тошковски - 06/02/2025
- Неделков на средби со членовите на СОНК - 06/02/2025
- Ќе згасне ли автомобилската индустрија во Германија? - 06/02/2025