ЕкономијаМакедонија

Компаниите и инспекциите заедно во борба против сивата економија

Компаниите и инспекциите - Работник
159views

Компаниите и инспекциските служби заедно ќе се борат против сивата економија. Сојузот на стопански комори и државниот инспекторат за труд потпишуваат договор за соработка во кој се прецизираат заедничките стратешки цели на делување.

-Сивата економија и нелојалната конкуренција го кочат развојот на државата и го спречуваат развојот на економијата, во таа насока двете институции засилено ќе делуваат кон подобрување на деловниот амбиент во земјата, вели потпретседателката на ССК, Габриела Кулебанова.

Според неа, инспекциските служби треба да делуваат со полн капацитет.

Директорот на трудовиот инспекторат, Аљајдим Хавзиу вели дека сивата економија е рак рана на секое општество.

– Во овој период имаме чести измени на законските одредби и некогаш работодавачите често не можат да се снајдат. Ние сме тука за да им помогнеме и да укажеме на законските одредби, вели Хавзиу.

Извор: Сител