ЕкономијаСветСветот на работникот

Компанијата „Боинг“ ќе им понуди доброволно платено заминување на работниците за да се справи со корона кризата

Компанијата „Боинг“ - Работник
125views

Компанијата за производство на авиони „Боинг“ ќе им понуди надоместоци и пакети за предвремено пензионирање на работниците, двајца луѓе запознени со проблемот рекле вчера, пренесува Ројтерс. Според нив, ова е обид на компанијата да се справи со панедмијата предизвикана од корона вирусот.

Боинг иницирал план за доброволно заминување на работниците, за кое ќе им надомести со пакет на плати и бенефиции, рекол еден од луѓето.

Главниот извршен дирекетор на Боинг, Дејв Калхун се очекува денеска да им испрати допис на вработените со листата на пакети.

Минатиот месец, Ројтерс извести, повикувајќи се на индустриски извори, дека Боинг ја разгледува опцијата да ги отпушти вработените, поради ширењето на корона вирусот, намаленото производство на авиони и обидот на компанијата да остане ликвидна.

Претставник од Боинг одбил да даде коментар во тоа време.

Боинг кој себеси се смета за еден од најголемите извезувачи, има околу 150,000 вработени ширум светот, од кои половина работат во фабриките во Сијатл, САД.