- Advertisement -
НовостиСветСветот на работникот

Компанијата „Волт Дизни“ со одлука: Задолжителна вакцинација на вработените

Компанијата - Работник
440views

Најновата американска компанија која објави дека ќе бара од целиот персонал да е вакциниран против ковид-19 е „Волт Дизни“.

Ова следува по сличните најави на Гугл и Фејсбук.

„Во компанијата Волт Дизни, безбедноста и благосостојбата на нашите вработени за време на пандемијата беше и продолжува да биде врвен приоритет. За таа цел, и врз основа на најновите препораки од научници, здравствени работници и наши медицински професионалци дека вакцината „Ковид-19“ обезбедува најдобра заштита од тешка инфекција, бараме сите наши вработени да бидат целосно вакцинирани“, се вели во соопштението од компанијата.

Имено, вработените кои се уште не се вакцинирани, а доаѓаат на работа, ќе имаат рок од 60 дена за да ги пополнат своите протоколи, додека пак целиот персонал кој се уште работи од дома ќе мора да оди на проверка за вакцинација пред да се врати, со некои ограничени исклучоци.

Покрај тоа, сите нови вработени ќе треба да бидат целосно вакцинирани пред да започнат со работа, додаваат од компанијата.