- Advertisement -
ЕкономијаНовостиСветСветот на работникот

Компанијата нуди: Работите од дома, започнете кога сакате, петок излезете порано

Компанијата нуди - Работник
333views

Вработените во компанијата ПВЦ во иднина ќе можат неколку дена во неделата да работат од дома, работниот ден ќе им започнува кога сакаат, а преку лето, во петок ќе можат порано да завршат со работа. 

Овие потези се дел од желбата на оваа мултинационална сметководствена и ревизорска компанија, да на своите вработени им овозможи подобро да го конторлираат своето работно време.

Претседателот на компанијата ПВЦ Кевин Елис изјавил дека се надева дека овој потег на флексибилно работно време ќе го претвори во правило, а не исклучок.

„Сакаме нашите луѓе да чувстуваат дека им веруваме и да се чувствуваат силни“, рекол Елис. 

По една година работа од дома многу компании започнале да го преиспитуваат традиционалното сфаќање на работното време. 

Така, британската финансиска компанија Најшонвајд на своите вработени им рекла дека можат да бираат помеѓу доаѓање во канцеларија или работа од дома, нафтената компанија БП на своите вработени во канцелариите им овозможила да од дома работат два пати неделно, а и многу банки истражуваат слични хибридни аранжамни.  

ПВЦ е прва од големите четири сметководствени компании (големата четврока ја сочинуваат Делоит, EY, КПМГ и ПВЦ) која објавила како ќе ја организира работата после пандемијата.

Првиот човек на банката Голдман Сакс Дејвид Соломон рекол дека работата од дома ја смета за „неправилност“, како и дека младите вработени мораат да бидат во контакт со поискусните колеги за да научат правилно да ја извршуваат својата работа.