ЕкономијаСвет

Компанијата „DoorDash“ сеуште им ги краде бакшижите на работниците и покрај ветувањето дека ќе ја смени политиката

Компанијата „DoorDash“ сеуште им ги краде бакшижите - Работник
27views

Помина еден месец откако DoorDash, водечката апликација за доставување на храна во САД, конечно се справи со јавниот притисок и објави дека ќе престане со крадењето на бакшижите на работниците.

Во тоа време, Извршниот Директор, Тони Ху во серија на твитови објави дека DoorDash ќе воведе нов модел за да ги осигура заработувачките на работниците, како и дека „работниците ќе го задржат целосниот бакшиш од секоја нарачка“. Ху вети дека ќе овозможи „специфични детали во наредниот период“. Следниот ден, Ху испрати писмо до работниците на DoorDash, во кое површински ги опишал промените и им кажал „што да очекуваат во наредниот период“.

Но, 27 денови подоцна, сегашните работници на DoorDash истакнале дека политиката за платите и бакшишот останала иста. Компанијата не дала никаква јавна изјава за платите на работниците и како планира да ги спроведе промените, ниту пак одредила датум, за тоа кога ќе ги исполни ветувањата.

Портпарол на компанија одбил да коментира за плановите на DoorDash за промена на политиката за бакшижите на работниците.