ЕкономијаСветСветот на работникот

Компанија во Кина ќе прими 20,000 луѓе чии компании се затворени поради коронавирусот

Компанија во Кина - Работник
141views

Кинеската Влада за најголем приоритет го постави зачувувањето на работните места поради штетите коишто ги нанесе коронавирусот врз бизнисите и ја разниша втората најголема светска економија. Сега некои од најзастапените компании во Кина сакаат да ги преместат работниците, за да ја намалат штетата.

Џд.ком е една од најголемите кинески електронски фирми која вети дека ќе отвори повеќе од 20,000 работни места.
Со отворањето на работните места „ќе се минимизира ударот од епидемијата на вработеноста на краткорочен рок“, рекоа од ЏД.ком во соопштение, додавајќи дека сакаат да ја „поддржат стабилната вработеност“. Компанијата рече дека некои од работните места ќе бидат привремени.