ЕкономијаСветСветот на работникот

Компанија од Хрватска ги објавила платите на сите вработени

Компанија од Хрватска - Работник
151views

Дигиталната агенција Борнфајт е прва (и за сега единствена) во Хрватска која ги објавила платите на своите вработени.

Директорот и ко – основач на оваа компанија Томислав Грубишиќ наведува дека од објавата на нивниот водич во кој освен позициите на вработените и описот на нивната работа се наоѓа и висината на нивните плати, нивната веб страна ја посетиле речиси 25,000 луѓе, а водичиот е преземен 5,000 пати.

Бруто плата на сениор програмер од ниво 3 во која е вклучен и превозот во оваа ИТ компанија изнесува 3,200 евра.

Сепак, Грубишиќ вели дека не одело се толку добро и дека четвртина од вработените имале забелешки за својата позиција, описот на работа и платите, но дека сега вработените се позадоволни, особено топ експертите.

Оваа одлука на дигиталната агенција Борнфајт придонела за поголема заинтересираност на младите таленти за работи во оваа компанија, па како што наведуваат, на дневно ниво добиваат пет пати повеќе отворени молби отколку порано, особено за позициите за програмери и дизајнери.

За разлика од нашиот регион, овој тренд не е новост во светот.

Како што пишува Пословни.хр, најдалеку во глобалниот тренд на транспарентност отишла Норвешка каде уште пред 19 години е пропишано дека даночните карти на граѓаните се јавни и дека можат да се пребаруваат преку интеренет.

Дека желбата на јавноста да ја дознаат висината на платата на пријател или колега е голема покажува и податокот дека се забележани повеќе од 16,5 милиони пребарувања на даночните карти во држава со нешто повеќе од пет милиони жители.