ЕкономијаСветСиндикат

Комуналните работници во Србија на протест на 7 ноември пред Владата

Комуналните работници - Работник
47views

Доколку наскоро не се договорат со Владата на Србија за зголемување на платите, вработените во комунално – стамбените дејности во Србија најпрво на 7 ноември ќе организираат протест, а доколку е потребно потоа ќе стапат во генерален штрајк.

„Последните 10 години речиси и да немало зголемување, последните шест никакво, а во 2014 година нас, како и на сите вработени во јавниот сектор платата ни е намалена за 10 отсто. Кога треба да се намали платата тогаш сме дел од државата, а кога треба да се зголеми тогаш се повикуваат на тоа дека не сме буџетски корисници“, вели за Данас, Претседателот на Синдикатот на вработените во комунално-  стамбената дејност на Самостојниот синдикат, Милан Грујиќ.

Според него, преговорите околу платите на 70,000 вработени во овој сектор траат со месеци, а тие бараат итно зголемување на платите од 13 отсто.