Комуналците во Кисела Вода бесплатно ќе собираат кабаст отпад
Општина Кисела Вода известува дека од понеделник започнува со проект за собирање на кабаст отпад од домовите на своите жители. Секој работен ден, во периодот од 08:30 до 16:30, тие можат да се јават на телефонот 072 313-331 и да дадат информација дека поседуваат кабаст отпад, по што ќе се направи договор со службите на Општината за негово бесплатно подигнување од пријавената локација.
Општина Кисела Вода го спроведува овој проект преку Секторот за месна самоуправа, со цел решавање на проблемот со неконтролираното одлагање на овој вид отпад, што е казниво со закон. Потсетуваме дека собирањето на кабастиот отпад има директно влијание во зачувувањето на урбаната животна средина од аспект на санитарно и еколошко значење.
Од тука, во периодот што следи, инспекциската служба ќе работи засилено на пронаоѓање и санкционирање на лицата кои евентуално нема да ги користат услугите на Општината и повторно отпадот ќе го одлагаат на јавни површини.
- По повеќе од две години опструкции, СОНК ја обнови репрезентативноста - 07/12/2024
- Мицкоски по состанокот на ЕСС: Очекувам наредната година да имаме раст кој ќе го почувствуваат граѓаните преку повеќе пари, подобри услови за бизнис и поефикасни услуги - 06/12/2024
- Во октомври зголемен бројот на слободни работни места во САД - 05/12/2024