МакедонијаСиндикат

Конгрес на САДУ: Реизбран досегашниот Претседател

Конгрес на САДУ - Работник
451views

Денеска се одржа првиот Конгрес на Синдикатот на администрација, државна управа, правосудните органи и здруженијата – САДУ, на кој се избираше Претседател и се усвоија нови синдикални политики.

На Конгресот во трка за Претседател на синдикатот беа досегашниот Претседател, Благоја Ралповски и Драган Јосевски. За Претседател беше реизбран Благоја Ралповски. Тој за Порталот Работник рече дека е благодарен за довербата од страна на членовите на синдикатот.

Тој истакна и дека на Конгресот беа усвоени и три резолуции.

„Едната од нив е резолуција против дискриминација, втората е за колективно договарање и третата е за синдикално единство“, рече реизбраниот Претседател на САДУ, Благоја Ралповски.

Ралповски наведе и дека како синдикат силно ќе се борат против трансферот од јавен во приватен сектор и дека ќе се залагаат да се исполнат нивните барања, а тоа се внатрешна преквалификација и предвремено пензионирање.

На крајот тој порача дека тој сам не е Претседател, туку сите заедно се водачи во синдикалниот поход.

На Конгресот освен делегатите кои гласаа за изборот на нов Претседател, присуствуваа и претседателите на гранските синдикати на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС, чиј грански синдикат е и САДУ.