Правда

Конституиран новиот состав на Одборот за Национална рамка на квалификации

Конституиран новиот состав - Работник
328views

Министерот за образование и наука Арбр Адеми, денес на 5-ти декември, ја отвори и претседаваше со Конститутивната седница на Одборот за Националната рамка на квалификации. Во своето поздравно обраќање, тој им го честита именувањето на членовите и им посака пријатна и успешна работа.

Нагласувајќи ги своите очекувања, Адеми ги истакна и постигнувањата на претходниот состав и изрази уверување дека и овој состав на Одборот успешно ќе одговори на предизвиците кои претстојат.

Од поважните активности на кои ќе биде посветена работата на Одборот беа посочени – работата на стандардите за зелените работни места; вклучувањето на меѓународните квалификации во Регистарот на квалификации; подготовката на Стратегија за комуникација на рамката на квалификации; основањето на новите Секторски комисии и заокружување на процесот на усвојување на Стандардите за квалификации за преостанатите профили во средното стручно образование; како и разгледувањето на најповолните решенија во врска со високообразовните квалификации и нивното запишување во Регистарот на квалификации.

Министерот ја потенцираше и улогата на Одборот во обликувањето на квалификациите неопходни за развојот на економијата и општеството во целост.

Конститутивната седница заврши со избор на претседател на Одборот и настојувањата на министетрот за што побрзо отпочнување со работа и посветеност кон тековните и идните предизвици.