МакедонијаСиндикат

Конфедерацијата на слободни синдикати на средба со првиот човек на Меѓународната Конфедерација на синдикати, Шаран Бароу

Конфедерацијата на слободни синдикати - Работник
530views

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС во рамките на форумот за минимална заработувачка на Источна Европа кој се одржа во Белград на 16 и 17 јули, 2019 година, зема активно учевство и со свои официјални ставови ја пренесе реалната слика во Македонија, истканаа од КСС за порталот Работник

Според КСС, Меѓународната Конфедерација на синдикати – ИТУК, па и целиот Западен свет искажале загриженост за нивото на минималните плати во Македонија и нивото на работничките права и по тој повод од КСС имале одвоена средба со Генералниот Секретар на Меѓународната Конфедерација на синдикати, Шаран Бароу која дала целосна поддршка во делот на зголемувањето на платите, особено во јавниот сектор, па и за минималната плата.

„Беше договорено во текот на есентта, Генералниот Секретар на ИТУК, Шаран Бароу да пристигне во Македонија за самата да се увери во делот на кршењето на работничките права, нивото на потрошувачката кошница и платите коишто ги имаат работниците во Македонија“, истакнаа од КСС.

Од КСС наведоа дека било истакнато дека е недозволиво една земја која имаа аспирации кон евро – атланските процеси да биде на ниво, на какво што е сега, да се води борба за работнички права коишто работниците ги добиле пред еден век, за платите и сигурноста на работните места.

Било констатирано дека на овој начин и со ова темпо на растот на платите, Македонија заостанува далеку зад европскиот просек и во последните неколку години заостанува зад земјите на Западен Балкан.