ЕкономијаМакедонија

Конференција: „Извозен Акцелатор за мали и средни претпријатија“

Конференција - Работник
315views

Денеска се одржа завршната конференција на тема „Извозен Акцелатор за мали и средни претпријатија“ на која се зборувало за тоа како да им се олесни начинот на малите и средните компании да извезуваат производи вон државата.

Претседателот на Организацијата на работодавачи на Македонија, Ангел Димитров го даде своето воведно обраќање, по што Ивана Карчицка и Белинда Николовска, лидерите на проектот ги презентираа клучните елементи од проектот „Извозен акцелератор за мали и средни претпријатија“.

Експертите Карло Змајшек и Сашо Ристовски ги презентираа демо проекти, по што претставници од неколкукомпании корисници на проектот ги презентираа искуствата примените од обуките.

На крајот, експертот, Сузана Игњатовиќ даде свои заклучоци за проектот „Извозен Акцелатор за мали и средни претпријатија“.