Правда

Конференција: „Проширување на акцијата за ставање крај на насилството врз децата на Западен Балкан“

Конференција - Работник
68views

На 28 и 29 ноември се одржува конференција на тема: „Проширување на акцијата за ставање крај на насилството врз децата на Западен Балкан“ чиј домаќин е Владата на Р.М

Како дел од Целите за одржлив развој, владите од Западен Балкан се обврзаа да ја забрзаат акцијата за ставање крај на сите форми на насилство врз децата до 2030 година.

За да ја катализира натамошната акција, Владата на Република Северна Македонија е домаќин на конференција на високо ниво, на која им се дава можност на земјите од Западен Балкан уште еднаш да ја потврдат својата заложба, да споделат позитивни практики и да ги здружат напорите со Глобалното партнерство за ставање крај на насилството врз децата.

На конференцијата присуствуваат: Министерот за образование и наука, Арбер Адеми;Министерот за здравство, Венко Филипче; Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска;Претседателот на РМ, Стево Пендаровски; Патриција ди Џовани, претставничка на УНИЦЕФ; Самуел Жбогар, од делегацијата на Европската Унија и Арон Гринберг, виш регионален советник за детска заштита, УНИЦЕФ Европа и Централна Азија и Претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК, Јаким Неделков.