
„Копанки“ оди во сопственост на државата-Работник
237views
Општина Битола го утврди правниот статус на планинарскиот дом „Копанки“. Со последното решение на општината делумно се поништува решението од 2015 година, а со кое објектот беше легализиран и даден на ПСК „Пелистер“ од Битола.
Сега понуштувањето се однесува само во делот на сопственоста. Тоа значи дека објектот е легализиран, а сопственичкото право е на државата.
Се очекува дека општината ќе го бара објектот од државата со цел да може да се инвестира и да се реконструира.
Извор: ТВ Тера
Advertisement