ЕкономијаСветСветот на работникот

Коронавирусот уништува милиони на мали и средни претпријатија во Кина – Голем број на работници ќе останат без работа

Коронавирусот уништува - Работник
170views

Претседателот на Кина, Си Џинпинг рекол дека Кина се соочува со голем тест.

Владата побарала од банките да понудат повеќе кредити за економијата која останала затечена поради коронавирусот. Анализата покажала дека милиони на мали и средни претпријатија во таа земја се на работ на преживување.

Утврдено е дека околу 60 проценти од компаниите можат да вршат регуларни исплати само уште два месеци по што ќе останат без пари. Само 10 проценти од нив можат да издржат шест месеци или подолго, пренесува порталот Klix.ba.

Малите и средни претпријатија се посебно во фокусот, бидејќи сочинуваат 60 отсто од кинеската економија и во нив се вработени околи 80 работници, се наведува во податоците на Народната банка на Кина.

Многу компании и работници се на продолжен одмор од крајот на јануари.

Директорката на ММФ, Кристалина Георгијева предупредила на собирот на Г-20 дека втората по ред економска сила ќе има силен пад на економскиот раст во првиот квартал.

Се надеваат дека ова ќе се поправи во вториот квартал од годината, пишува Би – Би – Си.