ЕкономијаСветСветот на работникот

Короната и роботизацијата загрозуваат десетина милиони работни места

Короната и роботизацијата - Работник
111views

Околу 53 милиони работни места во Европската унија ќе бидат роботизирани до 2030 година. Причина за забрзувањето на овој процес е пандемијата на вирусот Ковид – 19, пренесува Б92.

Поради тоа 20 отсто од работната сила ќе бидат принудени да стекнат нови вештини и преквалификации, покажала студијата.

Тоа се резултатите на истражувањето на глобалниот институт Мекинс за иднината на трудот во Европа и влијанието на Ковид – 19 и автоматизацијата на вработеноста во ЕУ.

Во извештајот е наведено дека речиси 59 милиони луѓе во ЕУ, односно 26 отсто од вкупниот број на вработени, би можеле на краток рок да се соочат со економските последици од пандемијата и рестрективните мерки – намалување на работните часови и платите, или со привремено или постојано прекинување на работниот однос.

Кризата со вирусот Ковид – 19 имала силно влијание врз пазарот на трудот во ЕУ, меѓутоа пандемијата не е единствена причина за промена и обликување на иднината на трудот во Европа. Работните места кои се загрозени од пандемијата на вирусот Ковид – 19, но и автоматизацијата варираат по сектори, меѓутоа најголемиот број на дејности кои се во ризик се во три области – трговија, производство и угостителство.

Бројот на европското работоспособно население ќе биде намален за околу 13,5 милиони, односно за околу 4 проценти до крајот на деценијата, а падот особено ќе биде изразен во Германија со околу 4 милиони и Италија со околу 2,5 милиони помалку.

Автоматизацијата и замрзнувањето на поединечни економски актвности кои ќе се одвојуваат со различни брзини, ќе доведат до намалаување на бројот на работните места и ќе го забрзаат процесот на отворање на нови професии. Ковид – 19 од една страна би можел да го забрза преоѓањето на работната сила на други работи кои бараат поинакви вештини, а од друга страна кризата со вирусот би можела да ја продлабочи разликата помеѓу повеќе и помалку образованите работници, но и помеѓу државите во ЕУ, се наведува во извештајот.

Се истакнува и дека околу 50 отсто од Европјаните живеат во стабилни економии кои привлекуваат нови жители, дека европските области кои сочинуваат дом за околу 30 отсто од Европјаните се соочуваат со намалување на работоспособното население поради миграции и стареење и дека преостанатите 20 отсто ги сочинуваат категориите со динамичен раст и најголем БДП по глава на жител.

Бројот на работоспособно европско население кое живее и работи во друга европска држава се дуплирало од 2003 до 2018 година, од 8 на околу 16 милиони, се додава во извештајот.